ПРАВИЛА И УСЛОВИ
(понатаму во текстот: Договорот)

Општи дефиниции

Букмејкерска компанија – интернет ресурс на 1xBit (понатаму во текстот: „Компанијата“), каде што на корисниците им се нудат опции за онлајн обложување.

Главен бренд на Компанијата – збир на одлики кои ја разликуваат Компанијата од другите, што ја прави лесно препознатлива за корисниците. Главниот бренд на Компанијата (понатаму во текстот: Брендот на Компанијата) за оваа Партнерска програма е 1xBit.

Вебсајт или ресурс на Компанијата (понатаму во текстот исто наведуван како 1xBit) – еден или повеќе вебсајтови на Компанијата кои целосно или делумно го содржат Брендот на Компанијата во името на доменот.

Производи на Компанијата – услуга или збир на услуги кои се нудат на корисниците на ресурсите на Компанијата.

Партнерска програма – тип на соработка помеѓу Компанијата и Партнерот, кој се спроведува преку ресурсите на Компанијата, особено преку https://partners1xbit.com/, при што Партнерот кој користи свој ресурс или ресурси може да ги рекламира услугите на Компанијата и да добие надомест за тоа. Основните принципи на овој тип на соработка се наведени подолу и ќе се сметаат за прифатени од страна на Партнерот од моментот на нивната регистрација во Партнерската програма на https://partners1xbit.com/.

Партнер – вебмастер (физичко или правно лице) кое ги исполнува условите на Партнерската програма на partners1xbit.com и чија главна цел е да привлече Нови корисници на ресурсот на Компанијата и да ги промовира нејзините производи.

Партнерска сметка – личната сметка на Партнерот во Партнерската програма.

Нови корисници – корисници кои претходно немале играчка сметка на кој било вебсајт на 1xBit, кои биле привлечени со примена на конкретни методи од страна на Партнерот да го посетат вебсајтот на Компанијата, кои се регистрирале за играчка сметка на 1xBit и го направиле првиот депозит.

Линк за упатување – линк до вебсајтот на Компанијата кој го содржи уникатниот идентификатор на Партнерот.

Заработка– паричната награда која Партнерот ја добива во форма на провизија врз основа на профитот генериран за Компанијата од Новите корисници упатени од страна на Партнерот.

Исплата – исплата (на заработката) која се префрла на Партнерот од интерната сметка на Партнерската програма преку надворешен платежен систем.

Период на известување – одреден период на време во рамки на кој Партнерот може да ги следи резултатите од својата работа во склоп на Партнерската програма.

Рекламни материјали – текстуални, графички, видео и комбинирани материјали за рекламни намени кои служат за промоција на интернет на производите на Компанијата.

Правила и услови на Договорот

1. Општи одредби

1.1. Партнерот има обврска да ги прочита и разбере правилата и условите на Партнерската програма пред да ја започне соработката со Компанијата, како и да ги прифати дадените правила и услови.

1.2. Само корисници на возраст од 18 години и повеќе можат да станат членови и да ги исполнат условите на Партнерската програма.

Компанијата нема да биде одговорна пред трети страни за неуспехот на Партнерот да ја почитува клаузулата за ограничувањето во однос на возраста на корисниците. Во случај оваа клаузула да се прекрши, тогаш Компанијата ќе има право да одбие да изврши исплата на Заработката на Партнерот и да ја замрзне неговата Партнерска сметка.

1.3. Партнерот ќе ја сноси целосната одговорност за безбедноста и чувањето на личните податоци, вклучувајќи ги и корисничките имиња и лозинки. Компанијата нема да биде одговорна за загубата на личните податоци од страна на Партнероти и/или нивно пренесување на трети страни.

1.4. Преку Партнерската програма, Компанијата го задржува правото да одбие соработка со кој било Партнер. Компанијата не е обврзана да даде објаснување за своето одбивање.

1.5. Компанијата ќе има право да прави какви било измени на овој Договор, а каде е тоа можно ќе се испрати известување за сите суштински измени на email адресата наведена од страна на Партнерот во нивната Партнерска сметка.

Важечката верзија на Договорот ќе биде верзијата која е објавена на вебсајтот на Партнерската програма.

1.6. Партнерот може само еднаш да се регистрира во Партнерската програма. Повторната регистрација, вклучително и како под-партнер, е строго забранета.

2. Поставување на рекламните материјали

2.1. Соработката со Партнерот во склоп на Партнерската програма вклучува и поставување на Рекламни материјали на ресурсот или ресурсите на Партнерот.

2.2. При поставувањето на Рекламните материјали во склоп на соработката со Компанијата, Партнерот строго ќе ги почитува важечките закони во државата каде што се пласираат Рекламните материјали, како и барањата на регулаторите и етичките стандарди, при што единствено ќе користи Рекламни материјали кои биле уредени и одобрени од страна на Компанијата.

2.3. Во случаите кога Партнерот изготвува сопствени Рекламни материјали, Партнерот мора да ги поднесе дадените Рекламни материјали до претставникот на Партнерската програма за уредување и одобрување. Ако оваа клаузула од Договорот се прекрши, Партнерот ќеги сноси последиците наведени во точката 2.8 од Договорот.

2.4. Партнерот се согласува да ја следи релевантноста и точноста на Рекламните материјали поставени на нивниот ресурс или ресурси (вебсајтови, социјални мрежи, инстант месенџери, итн.). *

*Во нерелевантни Рекламни материјали спаѓаат следните:

– неточни услови за промоции, бонуси и специјални понуди;

– застарени креативни идеи;

– рекламни материјали кои содржат застарено лого на Компанијата;

– рекламни материјали кои го користата името на Компанијата или еден од нејзините брендови, а кои содржат линкови до конкурентски вебсајтови.

Во случај Рекламните материјали да се оценат како нерелевантни, Компанијата има право веднаш да ги ревидира правилата и условите на Договорот со Партнерот, при што го задржува правото да ја блокира нивната Партнерска сметка.

2.5. Партнерот ќе биде целосно и единствено одговорен за работењето со ресурсот или ресурсите каде што се поставени Рекламните материјали, како и за содржината на дадениот ресурс или ресурси.

2.6. Партнерот ќе преземе обврска да го спречи поставувањето на какви било материјали на нивниот ресурс или ресурси кои се клеветничи, што подлежат на ограничување на возраста на корисниците, кои се незаконски, штетни, заканувачки, вулгарни, искажуваат расна или етничка нетолеранција, или се на кој било друг начин непожелни или дискримирачки, насилни, политички некоректни или на кој било друг начин се контроверзни или ги прекршуваат правата на Компанијата или правата на трети страни.

2.7. Партнерот не смее да поставува какви било Рекламни материјали или содржини наменети за промоција на вебсајтот на Компанијата во држави каде што тоа е забрането, вклучително и во држави каде што е во тек процес на изготвување на регулаторни норми.

2.8. Компанијата нема да биде одговорна за било какви барања од трети страни кои се однесуваат на ресурсот или ресурсите на Партнерот, или на кои било производи и услуги на Партнерот.

Во случај да се утврди дека Рекламните материјали на ресурсот или ресурсите на Партнерот ги прекршуваат одредбите на овој Договор, тогаш ќе биде испратено предупредување до Партнерот со барање да се заменат дадените материјали. Партнерот се согласува да го реши проблемот во рок од 5 (пет) работни денови.

Во случај проблемот да остане нерешен, тогаш Компанијата, преку Партнерската програма, го задржува правото да ги блокира Исплатите на Партнерот сè додека проблемот не биде надминат.

Во случај на повеќекратно прекршување на оваа точка од Договорот, Компанијата, преку Партнерската програма, ќе има право да ги ревидира условите на соработката со Партнерот.

3. Извори на сообраќај

3.1. При регистрацијата, Партнерот се согласува да обезбеди сеопфатни информации за изворите на сообраќај кои има намера да ги користи во текот на соработката со Компанијата.

3.2. Партнерот ќе сноси одговорност за какво било намерно криење на изворите на сообраќај. Во случај да се утврди дека Партнерот намерно ги криел изворите на сообраќај, Компанијата го задржува правото да ги блокира Исплатите на Партнерот и да ги ревидира условите на соработката со Партнерот.

3.3. Службата за модерирање на Компанијата ќе го следи почитувањето на одредбите за изворите на сообраќај користени од страна на Партнерот. Партнерот може да ја контактира Службата за поддршка на Партнерската програма, ако му е потребно појаснување.

4. Ограничувања за користењето на интелектуалната сопственост на Компанијата

4.1. На Партнерот му е забрането целосно или делумно да го копира изгледот на вебсајтовите или поединечните страници на Главниот бренд на Компанијата, како и на вебсајтовите на трговските имиња или тргвските марки регистрирани од страна на Компанијата. Понатаму, вебсајтовите или страниците на Партнерот не смеат да оддават впечаток дека се управувани или поврзани со Главниот бренд на Компанијата или кои било други поврзани брендови.

4.2. Партнерот нема да има право да ги користи логоата, графичките решенија и рекламните материјали на Компанијата без дозвола на претставниците на Компанијата, освен материјалите кои се добиени во склоп на Партнерската програма.

4.3. Партнерот се согласува дека нема да регистрира или користи каква било варијација на името на Главниот бренд на Компанијата или на други брендови на Компанијата во адресата на нивниот вебсајт (име на домен), интерните страници или мобилните апликации. Под „варијација“ се подразбира кое било име кое го вклучува или се содржи од името на кој било бренд на Компанијата или кој е толку сличен со името на трговската марка на Компанијата што доведува до забуна. Партнерот се согласува дека Компанијата има право да ја одреди веројатноста од настанување на забуна.

4.4. Партнерот нема да има право да набавува/регистрира/користи клучни зборови, зборови за пребарување или други идентификатори кои би се користеле во пребарувачите, порталите, рекламните услуги или други услуги за пребарување/упатување кои би биле идентични или слични на кои било трговски имиња (трговски марки) на Компанијата или на кој било друг бренд во сопственост на Компанијата. Тоа ги вклучува и мета таговите на вебсајтот на Партнерот кои би биле идентитчни или слични на кои било трговски имиња (трговски марки) на Компанијата.

Партнерот нема да има право да создава страници и/или групи на која било социјална мрежа (вклучително, но не ограничено на Фејсбук, Твитер и др.) кои може погрешно да бидат сфатени како страници или групи на Компанијата и/или брендовите на Компанијата.

Партнерот, исто така, се согласува дека нема да создава или пласира мобилни или интернет апликации кои можат да бидат сфатени како апликации или вебсајтови на брендот на Компанијата.

4.5. Во случај било кои од точките 4.1 – 4.4 на овој Договор да бидат прекршени, Компанијата ќе има право да ги ревидира условите на соработката со Партнерот.

5. Конкуренција

5.1. Партнерот се согласува да не ги поставува или споделува Рекламните материјали во име на управата, раководителите или другите вработени на Компанијата, а особено не во име на Партнерската програма. Сите Рекламни материјали и комуникација со клиентите во име на Компанијата треба да бидат испратени од официјалните email адреси наведени на вебсајтот на Компанијата.

5.2. Партнерот нема да има право да стапува во контакт со потенцијалните клиенти на кој било начин кој може да резултира во конкуренција помеѓу Партнерот и Компанијата во поглед на промоцијата на вебсајтот или вебсајтовите.

5.3. Како средство за рекламирање на Компанијата, на Партнерот му е забрането да користи спам пошта, контекстуално рекламирање со било кој од Брендовите на Компанијата, како и рекламни формати како што се кликандер и попандер.

5.4. Партнерот се согласува дека нема да понудува или обезбедува стимули (финансиски или други) за регистрација, правење депозит или преземање на кое било друго дејство на било кои потенцијални Нови корисници на Компанијата без претходно да добие писмена согласност од Компанијата во склоп на Партнерската програма, освен за стандардни промотивни програми кои Компанијата може повремено да ги обезбеди преку Партнерската програма.

5.5. На Партнеротму е забрането да регистрира сопствена играчка сметка на Компанијата преку нивниот Линк за упатување, како и да дејствува во завера со други корисници.

5.6. На Партнерот му е забрането да користи манипулација со колачињата, како што е:
– отвoрање на вебсајтот на 1xBit во iframe со големина нула, или во невидлива зона;

– применување на тагови, скрипти за колачиња и други манипулации од ваков вид.

5.7. Во случај било која од точките 5.1 – 5.6 на овој Договор да бидат прекршени, , Компанијата го задржува правото да ги ревидира условите на соработката со Партнерот и може да ја затвори Партнерската сметка.

6. Доверливи информации

6.1. Во текот на времетраењето на Договорот, на Партнерот може да му бидат дадени доверливи информации поврзани со бизнисот на Компанијата, нејзините активности, технологии и Партнерската програма (вклучувајќи, на пример, Заработката и другите провизии кои ги добива Партнерот во склоп на Партнерската програма).

6.2. Партнерот се согласува дека нема да споделува или да пренесува какви било доверливи информации на трети страни освен ако Партнерот нема претходно добиено писмена согласност од Компанијата. Партнерот ќе користи доверливи информации само во насока на постигнување на целите од Договорот. Обврските на Партнерот во однос на доверливите инфрмации ќе останат важечки и после завршувањето на овој Договор.

6.3. Во случај било која од точките 6.1 – 6.2 од Договорот да бидат прекршени, Компанијта ќе има право да го поништи Договорот со Партнерот и да одреди казни во согласност со важечките закони за заштита на доверливите информации.

7. Провизија за привлекување на Нови корисници

7.1. Заработката на Партнерот нема да биде со фиксна вредност и ќе зависи од приходот на Компанијата добиен од Новите корисници кои се регистрирале користејќи го Линкот за упатување на Партнерот, како и од квалитетот на сообраќајот.

7.2 Веднаш после регистрацијата, секој нов Партнер има право да добие провизија за 25% (дваесет и пет проценти) од нето профитот на Компанијата добиен од Новите корисници донесени од Партнерот. Процентот на провизијата можеда се зголеми до 30% (триесет проценти), 35% (триесет и пет проценти) или 40% (четириесет проценти) во зависност од нето профитот на Компанијата стекнат од корисниците донесени од Партнерот. Процентот на добиената провизија автоматски се зголемува како што расте профитот од Партнерот.

Партнерот добива:

25% ако месечниот нето профит од обложување на Компанијата достигне до 200 mBTC;

30% ако месечниот нето профит од обложување на Компанијата е измеѓу 200 mBTC и 700 mBTC;

35% ако месечниот нето профит од обложување на Компанијата е измеѓу 700 mBTC и 1000 mBTC;

40% ако месечниот нето профит од обложување на Компанијата е над 1000 mBTC.

Профитот на Партнерот се пресметува како процент од нето профитот од обложување стекнат од корисниците донесени од Партнерот. Нето профит од обложување = вкупниот износ на влоговите – вкупната добивка – вкупно добиените бонуси – надоместите на платежниот систем.

Стапката на провизијата за Партнерот може да подлежи на промена. Ако дојде до тоа, Партнерот ќе биде информиран по email.

7.3. Ако во рок од 3 (три) последователни календарски месеци Партнерот не успее да привлече 3 (три) Нови корисници, Компанијата ќе има право (но, не е обврзана) да направи измена на условите на соработката со Партнерот, вклучувајќи и намалување на износот на провизијата која ја добива Партнерот, или суспензија на користењето на Партнерската сметка во склоп на Партнерската програма. Во поединечни случаи, може да се покрене и прашањето за раскинување на тековниот Договор со Партнерот.

Од друга страна, ако Партнерот покаже иницијатива при промовирањето на брендовите на Компанијата, тоа може да послужи како причина за подобрување на условите за соработка, особено преку зголемувањето на износот на провизија. Партнерот ќе биде известен за тоа преку email на адресата наведена во Партнерската сметка.

8. Плаќање на провизијата

8.1 На Партнерот може да му се изврши исплата на Заработката еднаш неделно (секој вторник, за периодот од понеделник до недела претходната недела, вклучително), но само ако претходно се договориле за начинот на исплата со менаџерот на Компанијата, како и ако заработените средства го надминуваат минималниот износ за плаќање од 2,5 mBTC.

Ако Партнерот го нема горенаведениот минимален износ на неговата Партнерска сметка, тогаш средствата ќе бидат автоматски пренесени на следниот период и сè така додека не се акумулира бараниот износ. Негативениот биланс исто така ќе се пренесе на следниот месец.

8.2. Партнерската програма на Компанијата ќе има право да ги одложува Исплатите на Партнерот до 2 (два) месеца во случај на непредвидени технички проблеми во склоп на Партнерската програма, или ако биде потребно да се изврши проверка на Партнерот и неговите извори на сообраќај. Во случај на одложување на Исплатата, Партнерот може да побара објаснување од менаџерот на Компанијата кој ја претставува Партнерската програма.

8.3. Пред да испратите барање за Исплата, погрижите се сите податоци да бидат точни. Контактирајте со вашиот менаџер ако за прв пат поднесувате барање за Исплата. Сите понатамошни Исплати ќе се вршат автоматски.

8.4. Исплатите се вршат во согласност со податоците наведени од страна на Партнерот при регистрацијата. Измена на податоците може да се направи со контактирање на support@partners1xbit.com. 1xBit ја презема обврската да ги плати сите надоместоци за трансакции при исплатата на Партнерот.

8.5. Во случај да се откријат нечесни Нови корисници во рамките на сообраќајот на Партнерот, Компанијата има право да го раскине тековниот договор со Партнерот без претходно да го извести или да му дозволи да ги повлече средствата.

Дали Новиот корисник е “нечесен“ или не, се одредува во согласност со точката 2.19 "Општи одредби".

9. Постапка за решавање спорови

9.1. Партнерот може да оспори која било одлука донесена од страна на претставникот на Партнерската програма. За да го направи тоа, Партнерот треба да стапи во контакт со Службата за поддршка на Партнерската програма и да го претстави својот случај.

9.2. Партнерите ќе ги праќаат сите информации единствено по писмен пат на официјалната email адреса на Службата за поддршка на Партнерската програма. Податоците за контакт на Службата за поддршка на Партнерската програма се наведени на вебсајтот на Партнерската програма.

9.3. Службата за поддршка на Партнерската програма ќе има право да одбие да ја разгледа жалбата ако Партнерот не успее да прикаже докази дека не направил прекршок.

9.4. Рокот за разгледување на жалбата ќе биде 14 (четиринаесет) работни денови од датумот на прием на жалбата.

9.5. По разгледувањето на жалбата, сите одлуки донесени од страна на Компанијата во врска со Партнерската програма се конечни и не подлежат на повторно разгледување. Компанијата го задржува правото да ја избрише секоја форма на комуникација која содржи погрдни зборови, навреди, поттикнување на насилство или лажни обвинувања, како и да ја прекине соработката со Партнерот одговорен за таквата комуникација.